Од минатата сезона Кариус го брани голот на турски Бешикташ, но тој верува дека постои можност повторно да застане на голот на Ливерпул.
Во 2016 година Кариус од Мајнц направи трансфер на „Енфилд“ и не може да се каже дека во Ливерпул ги оправда очекувањата. Навивачите никогаш нема да му го заборават катастрофалниот настап во финалето од Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кариус сепак не верува дека може повторно да заигра за Ливерпул.
„Дали ќе заиграм повторно за Ливерпул? Секако, тоа е опција. Можеби повторно ќе бранам за Ливерпул, никогаш не знаете што може да се случи. Премиер лигата е најдобрата лига во светот. Нормално е кога играте во Англија да бидете повеќе во центарот на вниманието. Сепак, јас и сега играм во добар клуб, ќе видиме што ќе се случува понатаму“, изјави Кариус.
Голманот доби и прашање за финалето против Реал Мадрид, но порача дека не сака да се потсетува на таа средба.
„Не мислам веќе на тој натпревар во Киева, помина многу време беше пред две сзони. Имав повреда, но за тоа никој не зборува. Луѓето можат да зборуваат што сакаат тоа не ме интересира“, порача Кариус.