Денес во Пореч во рамките од „Куп Хрватска“ ќе се сретнат репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина.
Ова ќе биде посебен натпревар за миленикот на скопската публика, Игор Карачиќ кој ќе игра против својот брат Иван кој го носи дресот на репрезентацијата на Босна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На браќата Карачиќ нема да им биде прв пат да играат меѓу себе носејќи дрес на различни репрезентации. Пред пет години се сретнаа на СП во Катар и тогаш Хрватите беа подобри од Босна со резултат 28:21.
„Кога игравме прв пат еден против друг можеби ми беше малку чудно, но сега веќе не. Ние сме професионалци и на теренот така се однесуваме. Родитетели како родители се плашат само од повреди, резултатот го оставаат на страна“, изјави Игор за хрватските медиуми.