Дома Останати Ракомет Карачиќ: Скопје не стана мојот втор, туку мојот прв дом!

Карачиќ: Скопје не стана мојот втор, туку мојот прв дом!

Вардар изминатата сезона и покрај сите проблеми успеа да се искачи на тронот на Европа и по втор пат во три години да ја донесе европската титула во Скопје.

Еден од најдобрите играчи на Вардар, Игор Карачиќ кој ова лето го напушти Вардар и се пресели во Кјелце во поголемо интервју за полските медиуми зборуваше за минатата, но и за почетоците кога тој дошол во Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карачиќ во Вардар дојде во 2012 година од редовите на Босна Сарево и во клубот помина цели седум години.

„Ситуацијата во клубот пред почетокот на минатата сезона беше лоша. Имав состанок со Стоилов и Дибиров на кој зборувавме за тоа што може да се случи во иднина. Иако ситуацијата беше лоша му верувавме на Сергеј и останавме. Потоа ги прашавме и останатите дали се соглавуваат и ни одговорија потврдно. Замина само Вуко Боразан, тоа беше подоцна и причините беа други“.

За неговите први денови во Вардар.

„Самсоненко имаше план, но на почетокот кога дојдов неговите зборови изгледаа како голема лудност. Вардар тогаш не беше најдобар клуб ниту во Македонија, шампион беше Металург. Сергеј тогаш се појави во соблекувалната и пред сите кажа: Сакам да имам тим кој ќе ја освои Лигата на шампионите и тоа не еднаш. Сакам тим каков што е Барселона. Тогаш едвај издржавме да не се насмееме на тие негови зборив. Но, тие негови зборови станаа реалност неколку години подоцна“.

За животот во Скопје.

„Скопје не е мојот втор дом, туку мојот прв дом! Таму ми се пријателите, имам девојка, се чуствувам како да сум живеел таму цел живот. Се беше супер. Кога ја освоив првата титула во Лигата на шампиони си помислив дека планот е остварен и дека веројатно ќе одам на друго место за некое време. После втората титула повеќе немав дилеми. Имав желба да одам во нов предизвик и да видам како ќе се снајдам на друго место“, изјави помеѓу другото Карачиќ.

Комплетното интервју на Карачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…