Вардар вчера и покрај ситуацијата во која се наоѓа и објавата на Сергеј Самсоненко дека го напушта клубот го прегази ПИК Сегед во Скопје со осум разлика и дојде на чекор од пласман на фајнл-фор.
Тоа беше и последен натпревар за голем дел од ракометарите пред домашната публика. Еден од оние кои ќе замине е Игор Карачиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карачиќ како и целиот тим на Вардар секако беше под големи импресии поради огромната победа.
„Би сакал да му се заблагодарам на целиот клуб, а исто и на Сегед затоа што беа спортски настроени кон Вардар и не не гледаа со потценување иако знаеа што не чека. Ја сфативме работата сериозно. Не сум сеуште свесен за атмосферата и што се случува. Овој тим со златни букви ќе биде испишан во македонската историја. Капа до под на Парондо кој направи одлична атмосфера пред натпреварот. Следи вториот натпревар и не одимие таму со бело знаме“, изјави Карачиќ после натпреварот.