Дома Ракомет Карачиќ: Ако треба во полуфиналето ќе играм и со една нога

Карачиќ: Ако треба во полуфиналето ќе играм и со една нога

Во завршницата од натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија, Игор Карачиќ заработи удар во коленото.

Карачиќ се судри со Алекс Душебаев. Хрватите беа загрижени дека поради овој судир Карачиќ може да го пропушти полуфиналето на Светското првенство. Меѓутоа, поранешниот играч на Вардар порача дека и со една нога би играл за Хрватска во финалето.

„Апсолутно никаква можност не постои да го пропуштам полуфиналето. Ако треба ќе играм и со една нога. Се е во ред, не грижете се“, порача Карачиќ на снимката која ја објави физиотерапевтот на репрезентацијата на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…