Бившиот дефанзивец на Ливерпул, а сега телевизиски коментатор Џејми Карагер откри дека добил порака од Лионел Меси во која Аргентинецот го нарекол „магаре“.
Причина за тоа е изјавата на Карагер дека не бил паметен потег на ПСЖ тоа што летово го доведоа Лео Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Добив приватна порака на Инстаграм. Лично од него. Нема да покажувам приватни пораки, но всушност тој ме нарече магаре“, откри Карагер.
Тој го гледа „Monday Night Football“, а се надевам дека сега гледа и „Friday Night Football“ затоа што Лионел, апсолутно те сакам. Најдобар играч на сите времиња, а ти мене ме спореди со магере. Знаеш, го прифаќам тоа, но нема да влезеш во мојот идеален тим“, додаде Карагер.