Дома Фудбал Англија Карагер избра двајца фудбалери кои најмногу го импресионирале во Ливерпул

Карагер избра двајца фудбалери кои најмногу го импресионирале во Ливерпул

Џејми Карагер целата своја кариера ја помина во дресот на Ливерпул, а од професионалното играње фудбал се прости пред седум години.

Карагер и после завршувањето на кариерата остана еден од милениците на навивачите од „Енфилд“ и често пати се појавува на овој стадион за да ги гледа натпреварите на својот поранешен клуб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


42 годишниот фудбалер е возбуден што „црвените“ после 30 години конечно ќе станат шампиони на Англија што не успеаа да го направат додека тој беше член на првиот тим.

Јасно е дека Карагер остави длабока трага во дресот на Ливерпул, а одлучи да издвои двајца фудбалери кои најмногу го импресионирале во текот на 17. години колку што настапуваше за првиот тим на Ливерпул.

„Додека играв за Ливерпул само двајца играчи баш ме импресионираа. Тоа се Стивен Џерард и Луис Суарез. Ако погледнете што Суарез направи во Барселона, но и за Уругвај тогаш ви станува јасно за каков фудбалер се работи. За Џерард не треба да се трошат зборови тој е легенда на нашиот клуб“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…