Од вторникот на големо се пишува дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона. Веднаш се појавија шпекулации за неговата наредна дестинација и како фаворит за неговиот потпис во овој момент изгледа Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола го водеше Меси во Барселона и неколку пати јавно кажа дека би сакал да го има Аргентинецот и во Сити, а во овој момент изгледа дека и Меси е отворен за таква опција. Таквиот развој на настаните е сосема логичен за легендата на Ливерпул и сегашен аналитичар на „Скај Спорт“, Џејми Карагер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствениот тим каде што би можел да игра во Англија е Манчестер Сити поради Гвардиола и финансиската моќ која ја има клубот. Меси со Сити би бил силен, но сигурно нема да биде непобедлив. Барселона не ја освоила Лигата на шампионите со години“, изјави Карагер.