Oдличниот дефанзивец Виргил Ван Дијк од денес е нов фудбалер на Ливерпул.
Холанѓанецот на својот нов клуб ќе му се придружи од првиот ден во 2018 година, а оваа вест ја објави и Ливерпул на својата официјална страница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул со доведувањето на Ван Дијк го сруши клупскиот рекорд и го направи Ван Дијк најскап дефанивец во светот. Сумата која „црвените“ ќе им ја платат на „светците“ изнесува 75 милиони фунти.
Liverpool Football Club can confirm they have reached an agreement with Southampton for the transfer of Virgil van Dijk.
Full story: https://t.co/tJy9vsGOen pic.twitter.com/L17A7UwqaU
— Liverpool FC (@LFC) December 27, 2017
Неговото пристигнување ги фрли навивачите во еуфорија, кој од очекуваа пристигнување на некое големо име во одбраната, а воодушевен беше и легендарниот Џејми Карагер кој на урнебесен начин го прокоментира трансферот на Ван Дијк.
„Подобар е од мене во воздух, побрз е од мене , посилен и не си постигнува автоголови“, напиша легендарниот капитен на „црвените“ на својот Твитер профил.
Better in the air than me, quicker than me, more composed & doesn’t score own goals! https://t.co/Bei5IquMSw
— Jamie Carragher (@Carra23) December 27, 2017