Дома Фудбал Останато Карагер до Покетино: Да сум на твое место веднаш би го напуштил ПСЖ за Јунајтед

Карагер до Покетино: Да сум на твое место веднаш би го напуштил ПСЖ за Јунајтед

Во претходните денови на големо се шпекулираше за тоа дека Маурисио Покетино сака да го напушти ПСЖ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред неколку дена се појавија шпекулации дека Покетино е еден од кандидатите за новиот тренер на Манчестер Јунајтед, а тоа за многумина беше изненадување затоа што тој се уште е под договор со ПСЖ.

Меѓутоа, Покетино наводно е заинтересиран да го преземе Манчестер Јунајтед затоа што во ПСЖ не е баш најсреќен со атмосферата во соблекувалната. Да го напушти ПСЖ го советува и Џејми Карагер.

„Покетино мора што побрзо да го напушти ПСЖ. Доколку има шанса да оди во Манчестер Јунајтед не трењба да размислува. Да сум на негово место веднаш би се го напуштил ПСЖ за Јунајтед“, изјави Карагер.

Покетино го презема ПСЖ пред почетокот оваа година кога пристигна на местото на Томас Тухел и има договор до летото 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рафиња шокираше со своето признание: Како тинејџер просев на улица за јадење!

Не е тајна дека многу фудбалери од Бразил растат во исклучително тешки услови и сиромаштиј…