Дома Фудбал Англија Карагер го советува Манчестер Јунајтед: Еве ви прилика да го доведете Тухел

Карагер го советува Манчестер Јунајтед: Еве ви прилика да го доведете Тухел

Челзи се најде во тешка ситуација после санкциите од Роман Абрамович, а веќе се шпекулира и дека Томас Тухел ќе размисли за својата иднина на „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ се под санкции затоа што првиот човек на клубот Роман Абрамович важи за човек близок до Владимир Путин. Клубот беше ставен на продажба, но откако се не се заврши навреме целиот имот на Абрамович се замрзна вклучувајќи го и Челзи. Од денес клубот не може да продава билети за натпреварите, затворени се фан-шоповите и не може да потпишува договори со фудбалери.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ваквата ситуација Џејми Карагер ја искористи да го советува Манчестер Јунајтед да го ангажира германскиот стратег.

„Со оглед на ситуацијата во која се најде Челзи веројатно е одлична прилика да се обидат да го доведат Тухел. Тухел како и сите останати во клубот немаат никаква престава за тоа што ќе донесе иднината, а никој нема да може да им даде гаранции. Ниту еден тренер не би сакал да работи во таква ситуација. Верувам дека ако добие добра понуда ќе ја прифати“, заклучи Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…