Дома Фудбал Англија Карагер го критикува Рагник: Глупост е да бидете селектор на Австрија и да работите во Јунајтед

Карагер го критикува Рагник: Глупост е да бидете селектор на Австрија и да работите во Јунајтед

Ралф Рагник доби прилика да го води Манчестер Јунајтед во изминатите месеци, меѓутоа неговата улога ќе заврши до крајот на оваа сезона.

На позицијата на Рагник ќе пристигне Ерик Тен Хаг кој доаѓа од Ајакс, а Германецот ќе остане во клубот и ќе има улога на стручен консултат. Тоа нема да биде единствениот фокус на Рагник затоа што неодамна беше назначен за селектор на Австрија, па паралелно ќе ги извршува двете функции.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


За Џејми Карагер е несфатливо како клуб каков што е Манчестер Јунајтед дозволил такво нешто.

„Ќе бидам искрен, не го разбирам Рагник. Тој всушност не е менаџер, тој е фудбалски директор, човек кој им помага на тренерите да го изградат клубот. Не знам како Јунајтед дозволи, но според мене не можете да бидете селектор и да работиш во Манчестер Јунајтед. За мене тоа е глупост или сте на едната позиција или на другата“, порача Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…