Дома Фудбал Карагер ги гледаше играчите на Јунајтед и полуде: Ќутете и излезете од теренот

Карагер ги гледаше играчите на Јунајтед и полуде: Ќутете и излезете од теренот

Кристал Палас го победи Манчестер Јунајтед со 4:0 пред домашната публика во 36. коло од Премиер лигата.

На крајот од натпреварот, камерите ги снимија голманот на Јунајтед, Андре Онана, средниот бек Мејсон Маунт и крилото Антони како разговараат. Џејмер Карагер, стручен коментатор на Скај Спорт и легендарен дефанзивец на Ливерпул и Англија, се налути гледајќи ја споменатата тројка.

„Само напуштете го теренот. Разговарате, шепотите преку рака!? Бевте апсолутно ужасни. Веројатно зборуваат за некој играч. Замолчете и излезете од теренот. Загубивте со 4-0 и шепотите, зборувате за некој играч. Искрено, срамно“, рече Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…