НИКОЛА КАРАБАТИЌ, најтрофејниот и можеби најдобриот ракометар на сите времиња, ја заврши клупската кариера на 40 години, два месеци пред последното збогување на Олимписките игри во Париз.
Токму таму, во преполниот иконски Берси, го одигра последниот натпревар во својата клупска кариера пред повеќе од 15.000 гледачи. Тоа не беше шоу, туку натпревар за шампионот на Франција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Секако, Карабатиќ го предводеше ПСЖ до победата над Екс и на тој начин ја освои својата 16-та титула во Франција.
Во 23 сезони како професионалец, ова беше негова неверојатна 22-ра национална титула бидејќи играше и за Кил и Барселона и ги освои шампионатите на Германија и Шпанија.
За Карабатиќ ова е нереален 69-ти трофеј во кариерата. Да го споменеме само најважното; Ги предводеше Кил, Монпеље и Барселона до освојување на Лигата на шампионите. Со Франција освои четири светски и европски првенства и три златни медали на Олимписките игри.
The champion of the champions!
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 31, 2024
The GOAT, @NKARABATIC, ends his club career in a sold-out Accor Arena by winning the 16th French league title🤯
With the domestic title tonight the handball 🐐 has won 22 domestic championship titles in his 23 pro seasons. Unreal!
16/17 in… pic.twitter.com/8GzOYbpFnh