Капитенот на Рома застана во заштита на соиграчот.
После вербалниот судир пред натпреварот во Фиренца, Александар Коларов беше на мета на навивачите на Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во близина на неговиот дом се појавија навредливи пораки. Таквите работи се случуваа затоа што Коларов им порача на навивачите да не зборуваат за работите кои не ги разбираат.
Со денови српскиот фудбалер добива навреди на друштвените мрежи и навивачите на Рома брзо заборавија дека дербито на Рим го одигра со скршен прст, а воедно и постигна погодок.
Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси преку социјалните мрежи застана во одбрана на Коларов и тоа со порака на српски јазик.
„Брате мој“. Напиша капитенот на Рома под сликата на Коларов на Инстаграм и така јасно покажа што мисли за навредите од навивачите.