Дома Фудбал Репрезентации Капитенот на Украина е јасен: На Русија треба да и се забрани се!

Капитенот на Украина е јасен: На Русија треба да и се забрани се!

Капитенот на репрезентацијата на Украина, Андреј Јармоленко побара Русија да биде исклучена на секое ниво во спортот.

Последната вест поврзана со Русија која стигна е дека нема да бидат дел од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Тоа е само продолжение на суспендирањето на Русија од интернационалните натпреварувања кое трае од почетокот на инвазијата во Украина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јармоленко кој има 109 настапи за својот национален тим и кој е роден во Русија ја опиша Русија како земја на теpopиcти.

„Мојот став е многу јасен и едноставен. Рускиот фудбал, рускиот спорт треба да бидат целосно изолирани. Тоа е земја на теpopисти која ја y6ива Украина и украинските деца. Не можеме да зборуваме за спорт кога такво нешто се случува. Сите украински играчи сакаат Русија да биде изолирана на секое ниво“.

„Не можеме да дозволиме Русија да учествува во било кое натпреварување додека y6ива цивилно население. На Русија треба да и се забрани се!“, порача Јармоленко.

Во овој момент Јармоленко е член на Ал-Аин од Дубаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…