Дома Топ вести Капитените на Барселона испратија протестно писмо до раководството

Капитените на Барселона испратија протестно писмо до раководството

Во Барселона постои голема криза помеѓу раководството и соблекувалната, па јазот од ден на ден е се поголем.

После дебаклот во Лигат а на шампиони фудбалерите на чело со Лионел Меси се свртеа против претседателот Бартомеу, па потоа беше побарано гласање за недоверба на претседателот,  а играчите се закануваа за напуштање на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот „испад“ на управата на клубот беше барањето за намалување на платите на играчите за 30%. Во четвртокот имаше извештаи за писмо испратено од капитенот Лионел Меси, кое дава подлабока слика за горчливата комуникација помеѓу тимот и бордот на директори.

Според „Мундо Депортиво“, четворицата капитени на тимот, Лео Меси, Жерар Пике, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, испратиле писмо до претседателот Бартомеу и неговите соработници, опишувајќи го намалувањето на платите како „непријатно“. Во исто време, повторно се покрена темата за „шемата на режисерите“, во која уште еднаш играчите веруваат дека раководството на тимот сака да ги направи играчите „лоши момци“.

Во писмото до управниот одбор, капитените уверуваат дека „нема да толерираат тоа дека Барселона ги крши нивните права“. Четворицата исто така велат дека се „иритирани и фрустрирани“ од начинот на кој клубот управува со работите во време на криза. Меси и компанија исто така појаснуваат дека немаат намера да седнат на маса за какви било преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…