Легендарниот Фабио Капело се присети за соработката со Роналдо Назарио во Реал Мадрид.
Тој ги откри деталите од неговата продажба во Милан во 2007 година и тврди дека тоа бил вистински потег за „кралскиот“ клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека продажбата беше добра работа за Реал. Зборував со претседателот и му кажав дека мораме да го продадаме. Зборував со Роналдо и го прашав колку килограми имаше кога го освои СП со Бразил. Тој одговори дека имал 84 килограми. А тогаш имаше 94. Му кажав да ослаби, но тој не можеше да го направи тоа. Го сакаше ноќниот живот, жените. Тогаш му кажав на претседателот дека мора да го продадеме“.
„Имаше интерес од арапските клубови, но тогаш се јави и Силвио Берлускони. Му кажав каква е ситуацијата, со ноќниот живот, жените и дека има 94 килограми. Берлускони ми се заблагадари, и следниот ден во Газета дело спорт прочитав дека тој оди во Милан“, открива Капело.