Дома Фудбал Италија Капело: Коман е новата голема грешка на Јувентус

Капело: Коман е новата голема грешка на Јувентус

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело упати критики до Јувентус поради фактот што лесно се откажа од услугите на Кингсли Коман.

Коман од ПСЖ како слободен играч се пресели во Јувентус во 2014 година, а „старата дама“ после само една година го продаде во Баерн Минхен за 30 милиони евра.

Коман синоќа беше стартер во финалето и со својот гол му донесе титула на Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

„Коман се смета за доволно добар за да стратува во финале на ЛШ. Очигледно Јувентус ги повторува своите грешки. Анри дојде млад во Јувентус, потоа го пуштија и тој блесна во Арсенал. Коман сега има сличен пат во Минхен“, истакна Капело.

„Кога ќе видите квалитет мора да бидете трпеливи и чекате. Не можете да очекувате млад играч веднаш да биде главен актер на големата сцена“, додаде искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тајна клаузула во договорот на Фабрегас: Само три клуба можат лесно да го преземат од Комо

Цеск Фабрегас наводно може да го напушти Комо за симболичен надоместок доколку добие понуд…