Хрватскиот стручњак Нико Ковач доби отказ на клупата на Баерн откако овој тим минатиот викенд доживеа дебакл во гости против Франфурт (5:1).
Ковач пред една година седна на кормилото на минхенски Баерн, но уште од почетокот беше под огромен притисок. Неколку пати се шпекулираше дека Баерн ќе му врачи отказ, а тоа се случи овој викенд откако Баерн беше поразен со 5:1 против Франфурт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватскиот тренер се опрости од играчите и навивачите на Баерн и сега ќе чека нова шанса во некој друг европски клуб. Баварците со сигурност веќе заборавиле на Ковач бидејќи сега имаат проблем за тоа кој ќе биде негова замена.
Во германските медиуми се споменуваат неколку имиња кои би можеле да седнат на клупата на Баерн, а се чини дека моментално фаворити се Алегри и Мурињо.
Околу целата ситуација зборуваше и легендарниот тренер Фабио Капело кој одлучи да го советува Алегри. На изненадување на многумина тој му порача подобро да го сочека развојот на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и да го превземе тој клуб отколку да дојде во Баерн.
„Алегри добро ќе му одговара на БАерн, но не знам колку Италијанците се добредојдени во Германија откако Анчелоти таму беше многу малку. Англија е повозбудлива, а Премиер лигата е натпреварување кое ве исполнува како тренер. Ако јас сум Алегри би заминал во Манчестер Јунајтед.“
Алегри неколку години претходно го тренираше Јувентус, но на крајот на претходна сезона заработи отказ, па моментално бара нов ангажман.