Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан изјави дека клубот е незадоволен од лошите резултати во Бундеслигата, но додаде дека и понатаму му верува на тренерот Јулијан Нагелсман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За првпат по 20 години, Баерн одигра четири последователни натпревари во Бундеслигата без победа, а во последното коло беше поразен од Аусбург.
„Немаме контакт со други тренери. Целосно му веруваме на Јулијан“, изјави Кан.
Секако дека сите сме незадоволни од резултатите. Мораме да стигнеме до суштината и мораме да играме офанзивно против Леверкузен“, додаде Кан.