Нголо Канте на лето сигурно ќе го напушти Челзи, а негова најголема желба е кариерата да ја продолжи во Барселона.
Раководството на Барселона веќе работи на трансферот, но се чека конечна потврда од Чави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонските медиуми тврдат дека Канте е спремен уште во јануари да потпише преддоговор и на лето како слободен агент да се пресели на „Камп Ноу“.
Барселона е во потрага по таков профол на фудбалер кој ќе го замени Бускетс, но наводно Чави се уште не е целосно убеден во ангажманот на Французинот.
Чави смета дека Канте нема да се вклопи добро во неговиот стил, а за раководството е примамлив бидејќи може да го доведе без обештетување.
Канте сака во јануари да ја реши својата иднина и ја притиска Барселона да донесе конечна одлука.