Челзи и Канте се блиску до договор за продолжување на соработката, пренесуваат медиумите на Островот.
Според последните информации преговорите помеѓу двете страни одат во вистинска насока и Канте наскоро ќе стави потпис на договор до 2026 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако се споменуваше дека може да замине како слободен агент на лето, сепак Канте потврди дека за него Челзи е приоритет.
„Сакам да бидам дел од иднината на Челзи. За жал, оваа сезона не беше на нивото на Челзи, но сакаме да се вратиме на патот на успехот“, изјави Канте.
Французинот пристигна во Челзи во летото 2016 година и изгради легендарен статус на „Стенфорд Бриџ“.
N’Golo Kanté on new contract talks: “I want to be part of Chelsea future, for sure. It's an exciting project”. 🚨🔵 #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 11, 2023
“Unfortunately this season was not at Chelsea level but we want to go the way of success. Let's see where I will be but I hope here”, says via @footballdaily. pic.twitter.com/YmHutQrWa9