Дома Фудбал Англија Канте останува во Челси уште пет години

Канте останува во Челси уште пет години

Францускиот фудбалер за врска Нголо Канте го продолжи договорот со Челси.

Екипата од Стемфорд Бриџ денеска објави дека Канте ќе остане во Лондон наредните пет години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што го продолжив договорот со Челси. Зад мене се две прекрасни години овде и се радувам на оние кои доаѓаат. Откако дојдов овде потполно напредував како играч. Добив некои награди за кои никогаш не мислев дека ќе ги добијам. Го сакам градот, клубот и среќен сум што ќе останам овде уште неколку години.“ – изјави Канте.

Англиските медиуми пред неколку дена објавија информација дека Канте со новиот договор ќе заработува 290.000 фунти неделно, што го прави еден од најплатените играчи во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…