Дома Топ вести Канте е примарна цел на Интер

Канте е примарна цел на Интер

Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а денес италијанските меидуми пишуваат дека желба на Италијанецот Н’голо Канте од Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанците пишуваат дека иднината на Канте во Челзи е неизвесна па може да биде продаден. Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Канте е примарна цел на Интер и поради тоа „нероаѕурите“ се откажале од Тонали.

Се шпекулира дека Челзи би го продал ова лето, но за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Интер е спремен да понуди 60 милиони евра за Французинот, а за таа цел е спремен да го „жртвува“ Брозовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…