Дома Останати Ракомет Кантегрел: Се надевам дека Кинтана ќе ја добие најважната битка

Кантегрел: Се надевам дека Кинтана ќе ја добие најважната битка

Вардар денес после серија од неколку порази и ремито пред три дена против истиот противник успеа да слави во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Елверум беше победен со 32:35. Црвено-црните до победата дојдоа благодарение на одличниот финиш во кој од 32:30 направија серија од 5:0 и запишаа триумф. Голманот Робин Кантегрел беше еден од најдобрите кога Вардар го вртеше резултатот во своја корист.

Пред да зборува за натпреварот Кантегрел испрати порака за поддршка до својот колега Алфредо Кинтана кој ја води најтешката битка во животот.

„Прво, сакам да испратам поддршка до Алфредо Кинтана кој доживеа срцев удар. Се надевам дека ќе ја добие најважната битка во неговиот живот“.

„Кога во прашање е натпреварот се боревме до самиот крај и дојдовме до важна победа. Мрднавме од последното место и се надевам дека ќе освоиме уште бодови. Честитки за Елверум сигурно за нив беше тешко два натпревари да играат играат надвор од дома“, изјави Категрел.

За Кинтана инаку пред неколку часа се појави вест дека ја загубил битката, но за среќа таквите информации набрзо се покажаа како лажна вест.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по не…