Дома Фудбал Останато Камбијасо: Поради Џеко никој не се сеќава на Лукаку

Камбијасо: Поради Џеко никој не се сеќава на Лукаку

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер и премина во Челзи во трансфер вреден 115 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер се реши да го продаде Лукаку поради тешката финансиска ситуација, а како негова замена пристигна Џеко кој игра одлично. На 11 натпревари за Интер Џеко постигна седум голови што е и повеќе од добар учинок.

Поранешниот фудбалер на Интер, Естебан Камбијасо кој ја освои легендарната триплета во генерацијата на Пандев во 2010 година исто така е воодушевен од босанскиот напаѓач.

„Џеко повторно постигна гол (против Шериф). Поради неговите добри настапи никој повеќе не се сеќавана Лукаку. Не само поради головите, туку и поради играта. Сепак, да почекаме да видиме како ќе биде до крајот на сезоната“, изјави Камбијасо.

Покрај головите Џеко на своето конто има и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалифика…