Дома Фудбал Лига на шампиони Калчото е во мода: Италија со најмногу екипи во топ 8 во Лигата на шампионите!

Калчото е во мода: Италија со најмногу екипи во топ 8 во Лигата на шампионите!

Вчера Реал Мадрид и Наполи обезбедија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ со минимални 1:0 забележаа нова победа и така со вкупни 6:2 го елиминираа Ливерпул, додека Наполи му одржа нова лекција на германски Ајнтрахт и со победата од 3:0 дојде до вкупни 5:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Откако сите четвртфиналисти се познати интересео е што најмногу екипи во најдобрите осум има од Италија. Вакво нешто не било случај од поодамна со оглед на падот кој го имаа италијанските клубови.

Серија А има три екипи, потоа Премиер лигата две и по една од Шпанија, Португалија и Германија. Покрај Реал Мадрид и Наполи во четвртфиналето продолжија: Манчестер Сити, Челзи, Интер, Милан, Баерн Минхен и Бенфика.

Ждрепката за паровите во четвртфиналето ќе се одржи утре од 12:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…