Дома Фудбал Италија „Калчомеркато“ со „дрва и камења“ по Милан: Поради ваквите потези Серија А пропаѓа!

„Калчомеркато“ со „дрва и камења“ по Милан: Поради ваквите потези Серија А пропаѓа!

milan

Во текот на вчерашниот ден италијанските медиуми лансираа информации дека Иван Стриниќ на лето ја напушта Сампдорија и преминува во Милан.

Оваа информација ја потврди и Џанлука Ди Марцио, според него за овој трансфер се е договорено, додека пак „Газета дело Спорт“ истакна дека за реализација на трансферот преостануваат само формалности.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во меѓувреме на порталот „Калчомеркато“ се појави текст кој беше кртичен кон чудната трансфер политика на Милан.

„Нема крај на бесмислените потези на спортскиот директор на Масмилијано Мирабели. Неговиот најнов потег, доведувањето на Иван Стриниќ во Милан кој е често оспоруван како на Апенините така и во татковината е само потврда за лошата политика. На никој не му е јасно што работи Милан. Тврдат дека тој ќе го замени Рикардо Родригез, но дали Стриниќ е навистина подобар од Антонели кој е пред заминување?“, се прашува авторот на тексот.

„Јасно е каде води оваа политка. Таквиот пристап е причината поради која беше доведен Никола Калиниќ. Мирабели потроши огромна сума на пари и купуваше играчи без никакви логика. Доведувањето на Стриниќ е потег кој би го повлекол Адријано Галијани во својата налоша фаза. Милан во овој момент има просечен тим и ќе го има уште долго време доколку продолжи вака да работи. Токму таквите потези е причината поради кои Серија А пропаѓа и е во сенка на Премиер лигата“, заклучува авторот на тексот.

strinic

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …