Дома Останати Тенис Калин во Братислава елиминиран од Американец кој е едно место пред него на АТП листата

Калин во Братислава елиминиран од Американец кој е едно место пред него на АТП листата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 125 турнирот во Братислава, Словачка што се игра за награден фонд од 145.000 евра.

Поуспешен од македонскиот тенисер денеска беше Американецот Мартин Дам (20 години, 330 место АТП) кој со 2-0 во сетови (63 64) за еден час и три минути избори четвртфинале.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ивановски по успешно минатите квалификации (две победи) оствари триумф и во првата рунда и за пласманот во второто коло ќе освои 11 поени и 2.345 евра.

Денешниот ривал на Ивановски одлично сервираше во текот на целиот меч и забележа 15 аса, додека македонскиот тенисер имаше 4. Воедно Дам искористи две од четирите брејк топки, а Ивановски имаше 0/1.

Во првиот сет првата шанса за брејк ја имаше Ивановски во третиот гем, но не ја реализираше, а потоа Дам брејкот го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 и предноста ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет брејкот беше во третиот гем кога Дам дојде до водство од 2:1 и сетот заврши со 6:4 во гемови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…