Дома Македонски спорт Калински губеше глас, Пандев му ја „скрши кичмата“ на Пујол…Денот кога имавме 2:0 против ЕВРОПСКИОТ шампион! (ВИДЕО)

Калински губеше глас, Пандев му ја „скрши кичмата“ на Пујол…Денот кога имавме 2:0 против ЕВРОПСКИОТ шампион! (ВИДЕО)

13 август 2009 година е еден незборавен датум во македонската фудбалска историја – тој ден македонската фудбалска репрезентација беше рамноправен противник со моќната Шпанија.

Шпанија гостуваше во Скопје по повод прославата на 100 години фудбал во Македонија, а се отвараше и северната трибина. Ретко кој се надеваше дека можеме да ја изненадиме селекцијата која во своите редови има играчи како: Давид Виља, Жерар Пике, Пепе Реина, Пујол, Фернандо Торес, Алберт Риера…Селекција која во тоа време актуелен европски шампион.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред почетокот на натпреварот Македонија му оддаде признание на легендарниот Артим Шаќири за неговите 72 натпревари во репрезентацијата

И се започна како сон…Во една контра Пандев излезе сам пред Пепе Реина и не дозволи да промаши, следуваше ерупција на Арената, а легендарниот Златко Калински започна да го губи гласот…Следуваше шансата на Аце Стојков кој за малку не го лобуваше Реина.

Дојде 24. минута: Пандев голема шанса, ќе има ли нов гол? Пандев 2:0! Грандисимоо Горан Пандев, радувајте се драги гледачи…Зарем е ова можно!? Ова се зборови кои ретко кој може да ги заборави…

Во тие моемнти на никој не му се веруваше што се случува европскиот шампион беше на колена пред нас.

За жал во второто полувреме сликата не остана целосна и „Фуријата“ со головите на Торес, Пике и Риера направи целосен пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…