Дома Фудбал Репрезентации Калиниќ погоди за триумф на Хрватска против Украина, Косово поразен дома од Исланд

Калиниќ погоди за триумф на Хрватска против Украина, Косово поразен дома од Исланд

Хрватска на Максимир ги совлада украинските репрезентативци со минимални 1:0 во петтото коло од првата квалификациска група за Светското првенство во Русија 2018 година и со тоа остана на првото место во групата.

Хрватите уште од самиот почеток ги скршија Украинците со силни и жестоки напади кон нивниот гол, а првата колосална шанса ја пропушти Манџукиќ во 15-та минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватска поведе во 38-та минута со еврогол на Никола Калиниќ, која топката ја заби во мрежата со удар од свртување. Претходно Модриќ го проигра Ракитиќ кој со пета му ја остави топката на Калиниќ, а напаѓачот од Фиорентина погоди за минимална, но значајна победа од 1:0 за Хрватска.

Синоќа беше одигран уште еден натпревар од оваа група, во кој Исланд го совлада Косово на гости во Скадар со резултат од 1:2. За Исланд ефикасни беа Сигурадсон во 25-та и Сигурдсон од пенал во 5-та минута, додека почесниот погодок за домаќините го постигна Нухиу во 53-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…