Дома Фудбал Калдерон обвинува: Поради глупавото работење, Реал тоне во долгови

Калдерон обвинува: Поради глупавото работење, Реал тоне во долгови

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон тврди дека клубот е во сериозна финансиска состојба, бидејќи покрај тоа што касата е празна, дополнителен товар е и огромниот долг кој според него изнесува една милијарда евра.

Ковид кризата ги погоди сите фудбалски клубови, па и Реал Мадрид,но Калдерон тврди дека причина за долговите е и лошото работење на раководството.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Поради глупавата продажба на Роналдо, тимот има потреба од напаѓач, како и засилувања на другите позиции.  Сепак, тажната реалност е тоа што касата е празна, но и исполнета со долгови и фактури кои достигнуваат една милијарда евра кои мора да се исплатат. Тоа е неверојатен долг“, изјави Калдерон.

„Реал беше единствениот голем клуб во Европа кој не донесе ниту едно засилување и тоа скапо се плаќа во фудбалот. Тоа што се случи против Кадиз и Шахтјор дава многу лоши сигнали, но сепак треба да се биде оптимист, овие играчи биле во лоши ситуации, па на крајот се вратиле посилни. Зидан нема никаква вина за сето ова, прави максимум со ресурсите кои ги добива“, заклучи поранешниот претседател на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…