22 годишниот Давид Нерес игра одлично во Ајакс и е еден од најбараните крилни играчи во Европа.
Со своите настапи си обезбеди повик во бразилската репрезентација, па така доби дополнителна слава во својата земја. Нерес таа слава ја искористил да им се одмазди на две девојки кои го исмејувале додека бил тинејџер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога бев тинејџер две девојки ме исмејуваа. Кога се вратив во својот град пет години подоцна ги одведов во хотел со пет ѕвезди. Таму им кажав дека морам да одам до тоалет, ги земав клучевите од автомобилот и си отидов дома без да ја платам собата“, изјави Нерес.
Нерес во април оваа година раскажа како ја завел германската манекенка Кира Винона.
„Ја видов на Инстаграм и одлучив да и испратам порака во која пишуваше: Јас сум Давид Нерес. Сакаш ли да излеземе? Тоа беше доволно“, раскажа тогаш Нерес.