Дома Видео Како што доликува за еден голем играч: Меси му ги “бришеше“ солзите на Нејмар

Како што доликува за еден голем играч: Меси му ги “бришеше“ солзите на Нејмар

Аргентина синоќа на Маракана го победи Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка и со тоа стигна до првиот наслов после 1993. година.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Ди Марија после катастрофалната реакција на бразилската одбрана. Бразил притискаше и бараше изедначување, но Аргентина издржа, а Лео Меси го освои првиот трофеј со Аргентина во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш после завршувањето на натпреварот започна големо славје на Аргентинците. Во еден момент покрај нив помина расплаканиот Нејмар кој Меси го забележа и тргна да му даде утеха. Меси долго го тешеше својот поранешен играч од Барселона кој не можеше да ги запре солзите поради поразот на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…