Фудбалската селекција на Швајцарија на Панама и оддржа час по фудбал и славеше со убедливи 6:0, а покрај тоа сите погодоци ги постигнаа во 45 минути, додека по првото полувреме веќе беше 4:0.
Швајцарците го оправдаа она познатото „како швајцарски часовник“, делуваа сите како еден, разиграни, точни, прецизни, ефикасни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Панама не е атрактивен ривал, но нема лесно да се сетите дека речиси некој вака го соборил својот ривал на репрезентативно ниво.
За Швајцарија вечерва во листата на стрелците се запишаа Џемаили, Џака од пенал, Емболо, Кубер, Дрмиќ и Фабијан Фреј. Исто така треба да се напомене дека Швајцарија вечерва играше без својот најдобар играч – Џердан Шаќири.