Дома Фудбал Како си дозволил!? – Перез имал можност да купи напаѓач, но се одлучил за Куртоа!

Како си дозволил!? – Перез имал можност да купи напаѓач, но се одлучил за Куртоа!

Пред Реал Мадрид е лето во кое ќе има многу промени кога во прашање е реконструкцијата на играчкиот кадар и веќе сега е јасно дека ќе има многу промени.

„Кралевите“ оваа сезона целосно потфрлија после доминацијата во Лигата на шампионите претходните три години. Скоро сигурно е дека Реал Мадрид ќе остане без титула во првенството каде што заостануваат цели 12 бодови зад Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина веруваат дека Флорентино Перез направил голема грешка кога минатото лето му дозволи на Роналдо да замине и не пронајде негова адекватна замена.

Ниту едно звучно засилување не пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот на Реал се обиде да се „извади“ со купувањето на Тибо Куртоа, потег кој многумина ги изненади.

Кога Зидан се врати Куртоа се пресели на клупата и веднаш започнаа да се појавуваат гласини дека ќе го напушти клубот. Но, посебна приказна минатото лето било доведување на напаѓач.

Перез сакал да го доведе Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед и наводно бил многу блиску до такво нешто. Сепак, тогаш преку ноќ се одлучил место Лукаку да го доведе Куртоа.

Реномираната „Марка“ денес објави дека тоа налутило одредени играчи на Реал Мадрид кои биле свесни дека им е потребно засилување во нападот. Меѓутоа Перез на крајот го „истерал“ своето и го купил Куртоа, место да го нападне Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…