Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) одлучи и потврди дека пред мечевите од Серија А, Серија Б и Серија Ц, но и пред сите аматерски и младински мечеви во текот на следниот викенд ќе се читаат делови од дневникот на Ана Франк.
Дел од дневникот на Ана Франк ќе биде читан наглас пред сите мечеви во италијанскиот фудбал оваа недела како одговор на последните „испади“ со анти-семитизам од фановите на Лацио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Заедно со Министерството за спорт, Сојузот на италијански еврејски заедници реши да додели една минута за навраќање на сеќавањата на холокаустот и на посветеноста на граѓанско општество, посебно меѓу младите луѓе“, се вели во соопштението на ФИГЦ.
Потегот доаѓа откако навивачи на Лацио оставија етикети околу „Олимпико“ со Ана Франк во дрес на ривалите од Рома, заедно со други анти-семитски пораки. Ова е делот кој ќе се чита пред мечевите.
„Го гледам светот како полека се преобразува во дивина, ги слушам грмотевиците кои доаѓаат и кои еден ден ќе нè уништат и нас, го чувствувам страдањето на милионите. Но, сепак, кога ќе погледнам кон небото, чувствувам дека нешто ќе се промени на подобро, и дека и оваа суровост ќе помине и дека мирот повторно ќе се врати“.