Навивачите на Милан можат да жалат по заминувањето на Звонимир Бобан бидејќи токму поранешниот играч на „росонерите“ им имал гарантирал звучно засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веројатно ви е познато дека Милан се обидуваше да го доведе Лука Модриќ од Реал Мадрид, хрватскиот играч за врска бил договорен со Бобан и му ветил дека летото 2020 ќе премине во Милан. Меѓутоа Милан поради несогласувањата со раководството го отпушти Бобан пред некое време.
„Калчомеркато“ пишува дека заминувањето на Бобан значело и крај на можноста соработка помеѓу Милан и Модриќ кој дефинитивно нема да се пресели на „Сан Сиро“ ова лето.
Модриќ го променил мислењето после заминувањето на Бобан. Иако Модриќ има 34 години јасно е дека би бил од голема помош барем на краток период.