Милан и Ајнтрахт Франкфурт пред неколку дена официјално ги потврдија трансферите на Андре Силва и Анте Ребиќ.
Двајцата фудбалери минатата сезона ја поминаа на позајмица во Милан односно Ајнтрахт, па двата клуба ова лето се договорија за целосен откуп на напаѓачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа, двата клуба направија таков договор со што ја изиграа Фиорентина, која имаше 50% од правата на Анте Ребиќ.
Имено, договорената цена за Ребиќ беше 25 милиони евра, а Милан го доби играчот за НУЛА евра, со цел Ајнтрахт да не и префрли на Фиорентина 12,5 милиони евра.
Од друга страна цената на Андре Силва беше 21 милиони евра, а Ајнтрахт го откупи Португалецот за само 9 милиони евра.
Поради тоа двата клуба одбија да ги објават финансиските детали од двата трансфери, а „Билд“ тврди дека Фиорентина најавила тужба бидејќи се чуствува изиграна.
Сепак, „виолетовите“ не можат многу да се надеваат, бидејќи договорот на двата клуба е според сите регулативи на ФИФА, па Ребиќ може да биде заведен како трансфер од НУЛА евра.