Дома Трансфер зона Како и сите големи клубови, така и тие: Сега и ПСЖ гледа кон Амстердам

Како и сите големи клубови, така и тие: Сега и ПСЖ гледа кон Амстердам

Ајакс е вистински хит во Европа оваа сезона, во Холандија доминираат и се на чекор до нова титула, во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите го совладаа Тотенхем на новиот „Вајт Хар Лејн“ со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол го постигна Дони ван де Бек, играчот за врска одлично се снајде во казнениот простор на „Петлите“, избегна офсајд и го матираше Лорис. Тоа на крајот беше и единствениот гол на натпреварот, имаше уште неколку добри потези до крајот на натпреварот, па покажа зошто е еден од најталентираните играчи во оваа исклучително талентирана генерација.

Познато е дека веќе долго време е цел на Арсенал, а сега и ПСЖ се вклучи во приказната. Започнале преговори со управата на Ајакс за купување на споменатиот играч, а наводно Ајакс за услугите на 22-годишниот фудбалер бара околу 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…