Дома Македонски спорт „Како иконата на ХНЛ шест пати ја зголеми вредноста во Италија“ – Хрватите горди што „Нестор’ играл кај нив!

„Како иконата на ХНЛ шест пати ја зголеми вредноста во Италија“ – Хрватите горди што „Нестор’ играл кај нив!

nestorovski

Македонскиот интернационалец, Илија Несторовски во вчерашниот натпревар за својот Палермо беше стрелец на нов погодок.

Несторовски погоди на фантастичен начин – од слободен удар. Неговиот погодок можете да го погледнете ТУКА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој гол на нашиот „Нестор“ даде причина хрватските медиуми, поточна хрватски „Индекс“ да посвети текст на Македонецот. Во текстот се пишува за тоа како момчето кое настапувало во хрватската лига сега „гази“ во Италија.

Несторовски во Хрватска собра 57 настапи и постигна одлични 44 погодоци и тоа се истакнува за скромниот Интер Запрешиќ.

Илија Интер Запрешиќ го напушти во 2016 година. Палермо за да го доведе плати 600.000 евра и како што времето покажа направи вистински потег.

Статијата на „Индекс“ можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…