Дома Фудбал Останато Како Икер заборавил да го уплати тикетот, па татко му останал без милион евра

Како Икер заборавил да го уплати тикетот, па татко му останал без милион евра

Легендарниот голман Реал Марид и репрезентацијата на Шпанија Икер Касиљас вчера и официјално ја заврши кариерата, па многумина се потсетија на приказната кога неговиот татко поради него останал без милион евра.

Било тоа одамна, додека Икер бил уште дете, но приказната е навистина легендарна и вреди да се потсетиме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таткото на Икер во една прилика му дал да му уплати тикет со 15 парови и добивката била 1.2 милион евра. Сепак, малиот Икер тогаш заборавил да го уплати ливчето, а на крајот сите парови се покажале како точни.

„Кога имав седум или осум години не се сеќавам точно татко ми ме испрати да му уплатам тикет во обложувалница. Одигра 15 парови и сите ги погоди, а јас заборавив да го уплатам ливчето. Ете, се случува. Испадна дека тогаш татко ми поради мене не доби милион евра и за таа ситуација никогаш не зборуваше потоа. Таа сума во тоа време сигурно многу добро ќе ни дојдеше“, се потсти Икер во една прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…