Дома Фудбал Англија Како Ибрахимовиќ го научил Лукаку дека мора да се бори за своето место во тимот

Како Ибрахимовиќ го научил Лукаку дека мора да се бори за своето место во тимот

luakku

Златан Ибрахимовиќ краток временски период од својата кариера помина во Манчестер Јунајтед и беше соиграч со Ромелу Лукаку кој и денес член на „црвените ѓаволи“.

Сега за англиските медиуми Лукаку зборуваше за времето поминато заедно со Швеѓанецот и откри дека Ибрахимовиќ му помогнал многу да научи, иако не играа долго време заедно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ибрахимовиќ е човек од кој многу научив. Ми кажуваше приказни за времето поминато од Интер, Милан, Барселона, Ајакс…Беше многу победнички настроен. Паметам кога на еден тренинг игравме на спротивни страни и имавме дуел. Ибра влезе во мене со сета сила, тогаш сфатив дека овој човек се бори секаде и секаде сака да победува. Тогаш си реков себе си: Кога тој доживува дека мора да се бори за својата позиција, морам и јас да бидам таков“.

„Со него можеш и добро да се забавуваш, но кога станува збор за играта на теренот и местото во тимот тогаш имате работа со крајно сериозна личност која нема пропуст за никого“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…