Дома Фудбал Останато Како Ето завршил во Интер: Мурињо го убедил со само една фотографија

Како Ето завршил во Интер: Мурињо го убедил со само една фотографија

Самуел Ето даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое зборуваше како Жозе Мурињо го убедил да дојде од Барселона во Интер со кој подоцна освои триплета.

Мурињо за да го убеди Ето му испратил една фотографија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Жозе ме убеди на многу едноставен начин. Ми испрати фотографија од дресот на Интер со број девет и напиша: Твој е, те чека, а потоа ми се јави и Матераци кој беше убеден дека ќе освоиме се ако им се придружам“.

„Го немав неговиот број во телефонот па го прашав Албертини чив е. Такво нешто претходно ми се немаше случено, навистина не ми беше тешко да донесам одлука“, раскажа Камерунецот.

Ето потоа заигра против Барселона токму во сезоната во која со Интер освои се. Тој натпревар посебно ќе го памети затоа што играше како крило.

„Кога Тијаго Мота доби црвен Мурињо не повика мене и Занети да ни објасни како ќе играме. Немав време да размислам за тоа што ме чека. На крајот завршивме во финалето. Мурињо и Гвардиола имаа една заедничка карактеристика, а тоа е желбата за победа. Во се друго се различни“, смета легендарниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…