Дома Фудбал „Како дебитанти не разочаравме“

„Како дебитанти не разочаравме“

Александар Васоски е дел од нашиот експертски тим за Македонија на Европското првенство, па еве го неговото мислење и гледање на дуелот со Холандија.

Васоски смета дека ние како дебитанти не разочаравме, но сепак не можеме да се носиме со репрезентации како Холандија.

„Македонската репрезентација едноставно не можеше да парира на пресилна Холандија, тим кој е составен од скапи ѕвезди. Формацијата со четворица назад има свои добри, но и лоши страни. Холандија многу лесно доаѓаше до шанси, даде три гола, но можеше да даде уште толку. Сепак, како дебитанти не разочаравме“.

„Ова е голем ден за Горан Пандев, но и за нас, бидејќи цел стадион го испрати со овации. Треба сите да бидеме горди што играл за македонската репрезентација“, истакна Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…