Дома Фудбал Останато Како Венгер за малку не ги довел Пике и Меси заедно со Фабрегас…

Како Венгер за малку не ги довел Пике и Меси заедно со Фабрегас…

Арсен Венгер во едно интервју откри дека жали што не соработувал со Лионел Меси, а бил блиску до такво нешто.

Французинот 22 години помина на клупата на Арсенал пред да го напушти клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Венгер со „топџиите“ имаше голем успех. Во 2003 година го доведе Фабрегас од Барселона, меѓутоа откри дека тогаш можел да го доведе и Меси.

„Во животот ќе жалам за тоа што не соработував со некои играчи со кои имав можност и бев блиску да ги доведам. Еден од нив е и Меси. Во 2003 година го доведовме Фабргеас и разговаравме со Меси додека тој беше дел од младинскиот тим на Барселона. Тоа беше време кога Арсенал беше сличен на Барселона и како дел од нашата стратегија сакавме да доведеме млади таленти за да формираме силна млада страна. Со Меси, Пике и Фабрегас кога во тие клучни моменти добро напредуваа ќе имавме одлична екипа“.

„Пике и Фабрегас дојдоа во Англија, но Меси остана во Шпанија. Тогаш можевме да го доведеме Меси, а денес е недопирлива ѕвезда“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…