Дома Трансфер зона Како би изгледал Јувентус на Гвардиола? „АС“ и „Сан“ фантазираа и составија тим од соништата (ВИДЕО)

Како би изгледал Јувентус на Гвардиола? „АС“ и „Сан“ фантазираа и составија тим од соништата (ВИДЕО)

Шпански „АС“ и британскиот „Сан“ одлучија да си поиграат со фантазијата на навивачите на Јувентус и составија екипа која реално изгледа реално само на виртуелните симулации како ФИФА или ПЕС.

Да започнеме по ред. Доаѓањето на Пеп Гвардиола во иднина на клупата и не изгледа толку невозможно, како што и Томас Муниер е реална опција за десната бековска позиција. Муниер веќе некое време е мета на Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега следува нереалниот дел во кој не веруваат ниту најоптимистичните. На десната страна би играл ни помалку, ни повеќе. Лео Меси. Аргентинецот минатата недела влезе во конфликт со Абидал и многу се пишуваше за неговото заминување, а Јувентус се појави како можна опција.

Колку Меси и Роналдо меѓусебно да се почитуваат тешко е да се верува дека двајцата ќе ја делат собликувалната бидејќи логично е двајцата да сакаат да бидат лидери на тимот.

Освен трансферот на Меси не изгледа реално ниту доаѓањето на Лерој Сане. Германецот кој игра за Манчестер Сити може да замине само ако некој понуди повеќе од 100 милиони евра. За сега Јувентус не изгледа толку загреан за да понуди толкава сума за Сане.

Во нападот покрај Меси, Роналдо и Сане би играл и Дибала. Сценарио во кое тешко дека некој ќе поверува. Сепак, да се сонува не е забрането. Каков дрим-тим составија „АС“ и „Сан“во целост погледнете во видео прилогот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…