Славниот бугарски напаѓач го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но имал можност да заврши во градскиот ривал Сити!
Димитар Бербатов за медиумите зборуваше за перидот кога потпишаше со Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот менаџер му пренел дека постои интерес од градскиот ривал и дека се спремни да понудат многу повеќе пари, но Бугаринот веднаш му одговорил дека таа понуда не го интересира и дека сака само во Јунајтед.
„Мојот агент ми зборуваше за интересот од друг клуб, но јас му кажав дека не ми зборува за други понуди, освен за онаа од Јунајтед, бидејќи тоа е клубот за кој сакам да играм. Мислам дека тоа се случи една ноќ пред Сити да го доведе Робињо од Реал. Агентот се обиде да ми соопшти дека тие ќе понудат многу повеќе пари од Јунајтед, но тоа не ме интересираше“, изјави Берабтов.
Поранешниот напаѓач на Јунајтед премина на „Олд Трафорд“ во 2008 година за 30 милиони фунти, а за „црвените ѓаволи“ одигра 149 натпревари во сите натпреварувања и постигна 56 погодоци. Освои две титули во Премиер лигата со Јунајтед, а сезоната 2010/2011 беше и најдобар стрелец во лигата.