Дома Останати Тенис Каков меч на Симона Халеп: Ја збриша Серена за помалку од еден час и го освои Вимблдон! (ВИДЕО)

Каков меч на Симона Халеп: Ја збриша Серена за помалку од еден час и го освои Вимблдон! (ВИДЕО)

Симона Халеп е нова шампионка на Вимблдон!

Халеп денес со 2:0 во сетови беше подобра од Серена Вилијамс со 6:2, 6:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес не беше ден на Серена и тоа беше јасно од самиот старт. Халеп после само 11 минути игра водеше со 4:0.

Потоа Серена конечно успеа да го доби својот прв хем, но седмата тенисерка на светот го освои сетот со 6:2.

Во вториот сет Серена Вилијамс тргна нешто подобро и се одржуваше во игра до 2:2, но Халеп потоа направи брејк и поведе со 4:2

Потоа следуваше уште еден брејк и Халеп сервираше за меч и во тој сет го потврди брејкот така што не и дозволи на Вилијамс да освои ниту еден поен.

Финалето поради овој маестрален настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…